Волф: Нова ѕвезда е родена, небото е лимит

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, искажа почит кон Џорџ Расел кој го менува Луис Хамилтон и беше на прагот до својата прва победа во Формула 1 на дебито во фабричкиот тим на “сребрените“.

Иако ова можеше да биде историска победа за Џорџ Расел на неговото деби со Мерцедес, сепак поради катастрофални грешки при промената на гуми во 63от круг, тој остана без победа и на крајот трката ја заврши на 9та позиција.

Ова беше многу емотивно. Доколку во својата прва трка со Мерцедес имате шанса да победите и тоа не се случи, нема што многу да се каже. Ова нема да биде негов последен обид за победа. Ова е почеток на бајка која не заврши добро денес. Нова ѕвезда се роди – најави австриецот.

Дали тој верувал дека Расел ќе тргне по стапките на Хамилтон, Волф одговори:

Луис е апсолутна цел за споредба. Никој не е ни близу до него, но денес имаме нова генерација која е многу силна и небото е лимит.

Во врска со тоа дали Луис Хамилтон ќе се врати во Абу Даби, Волф не е сигурен.

Ќе видиме, само да оздрави, Најважно е тоа. Доколку е негативен, болидот е негов, доколку е позитивен Џорџ останува во болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ