Волф обвинува: Верстапен одмазнички му попречи на Хамилтон

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, го обвини Макс Верстапен дека направил одмазднички напад врз Луис Хамилтон за време на Спринт престрелката за Големата Награда на Австрија.

Дуото беше вмешано во жестоко ривалство за светскиот шампионат во Ф1 во 2021 година, но со тоа што Сребрените Стрели паднаа во форма на почетокот на новата ера на техничките регулативи, имаше мали шанси за повторување на тој дуел.

Верстапен остана фрустриран поради тоа што беше блокиран од Хамилтон во последниот свиок на Ред Бул Ринг за време на престрелката и одмазнички возеше покрај Британецот пред да го паркира неговиот РБ19 на излезот од свиокот 1.

Ова ги уништи шансите на Хамилтон да го подобри неговиот претходен избришан круг, оставајќи го седумкратниот светски шампион на 18то место.

Хамилтон на крајот заврши на 10то место во Спринт трката, иако има шанса да постигне силен резултат од петтото место на гридот во главниот настан.

Во врска со инцидентот со Верстапен, Волф за медиумите изјави:

Грешката се случи на наша страна.

Комуникацијата меѓу нас и Луис не му ги даде вистинските информации за да му се тргне од патот на Макс.

Никој не сака да му пречи на никого, затоа што ако попречите, ќе бидете казнети.

„Од другата страна, маневарот на Макс беше одмазднички, тоа беше само за да се увери дека кругот на Луис е уништен. Значи, едното не беше намерно, другото беше намерно.

Но, кому му е грижа? Тоа не ја менува нашата трка, но тие ќе зборуваат за тоа на брифингот на возачите следната недела.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ