Волф: Ова беше сезона за “јачање“ на тимот

Тото Волф верува дека неговиот Мерцедес ќе се врати моќен на гридот следната година откако се мачеа да ги стигнат фаворитите оваа година, а ја завршија годинава со лоши перформанси и дефект во Абу Даби.

Седумкратните последователни двојни прваци стигнаа само до една победа на трка годинава, онаа на Џорџ Расел минатиот викенд во Бразил, а серијата од 15 последователни сезони со победа на Луис Хамилтон заврши. В13 болидот се покажа како лош, пакет кој многу потскокнува и поради тоа губи перформанси, болид со голем отпор кој е бавен на правците.

Со сето тоа, “сребрените стрели“ завршија на трето место кај конструкторите, најлоша пласман за нив од 2012 година кога беа на 6то место, но шефот Волф посочи дека многу научиле.

ќе ги оставиме овие болиди во ходникот во фабриката во бракли, на видно место, за секогаш да се потсетуваме колку тешко може да биде. оваа сезона беше година за “јачање“ на карактерот, не зборувам за една трка туку за цела година.

но и покрај се, продолживме силно да притискаме, моторот стануваше се подобар, а јас сум горд на се што постигнавме. во однос на шасијата имавме лоши моменти, но и одличен напредокт и спектакуларна победа пред една недела во бразил.

победата ни покажа колку добри можеме да бидеме и како знаеме моќно да притискаме, што ќе го правиме следната година. беше лошо, но добро е што заврши и следната година се враќаме уште посилни – објасни волф.

Луис Хамилтон се откажа на Јас Марина поради проблем со хидрауликата откако заглави во брзина на крајот од трката додека се возеше на 5то место со големи 36 секунди заостаток зад Верстапен. Тото смета дека Абу Даби било одлично сумирање на сезоната.

не беше добро, сите грешки кои ги направивме на болидот излегоа на виделина. едниот болид се расипа, другиот ги униуштуваше гумите, точно таква беше сезоната. ги прегреавме гумите само по неколку кругови напаѓање.

знаевме дека абу даби ќе биде тешка трка за нас со оглед на карактеристиките на болидот, но барем не погрешивме во проценките и корелацијата е добра.

бразил беше спектакуларно, доминиравме од самиот почеток до крајот и победивме, тоа е добро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ