Волф откри: Пули од Ред Бул ни дојде како засилување

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, откри дека доаѓањето на поранешниот Главен оперативен директор од Ред Бул, Џејни Пули носи засилување на тимот во борбата за врвот. 

Пред првата трка во Бахреин беше објавено дека во Мерцедес ќе дојде Џејни Пули од Ред Бул како специјален советник. Нејзината улога ќе биде во процена на слабостите во моменталната инфраструктура на Мерцедес и ќе даде совети за подобрувања кои треба да се направат. 

“Сребрените стрели“ се обидуваат да напредуваат на гридот, а Пули треба да им помогне да ги фокусираат целите. 

Џејни е личност на која се восхитувам во последните 10 години, а ја запознав пред исто толку време. Таа работеше во наш конкурент и ја почитувавме нејзината работа.

Таа придонесе многу за успехот на Ред Бул низ годините, Но нивната приказна заврши како што е нормално по толку време. Одамна сакавме да ја донесеме кај нас, но немавме опција. Сега тоа се случи и Тоа е одлично за тимот бидејќи таа е одличен психолог и знае доста за профилирање на личностите во Формула 1. Таа сега има работа да внимава на тимот и да го засили. 

Иако Волф го донесе Мерцедес до осум последователни конструкторски титули, сепак му се потребни и личности надвор од тимот за да може да продолжи со успехот. 

Понекогаш организацијата достигнува зрелост и на некои процеси им е потребно гледање од надвор за да се протресат недостатоците. Не треба се од ново да се прави, но мора да останеме конкурентни и да одиме напред. Потребно ни е ново гледање на работите кои ќе ни донесе напредок. Надворешни луѓе секогаш може да ни помогнат. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ