Волф очекува Ауди да земаат вработени од Мерцедес

Тото Волф, тимскиот шеф на Мерцедес, не се сомнева дека идниот производител на Формула 1 мотори, германски Ауди, ќе регрутира персонал од Мерцедес, исто како што направија Ред Бул со својата фабрика за мотори.

Минатата година, во пресрет на одлуката на Ред Бул да основа сопствен оддел за мотори во Милтон Кинс, компанијата за енергетски пијалоци започна со регрутирање персонал по што десетици вработени во одделот за мотори на Мерцедес во Бриксворт, се приклучија на Ред Бул. Додека поголемиот дел од персоналот што Ред Бул го превзеде од својот ривал беше доделен во одделот за производство, неколку инженери од висок профил, исто така, се преселија во Милтон Кинс.

Поранешниот шеф на инженеринг на Мерцедес, Бен Хоџкинсон, беше именуван за технички директор на Ред Бул Пауертреинс, додека шефот за електроника на Мерцедес, Омид Мостагими, стана шеф за погонски единици, електроника и Системот за повраток на енергијата во Ред Бул.

Ова лето, Ред Бул го постигна она што многумина го означија како голем удар кога го убеди главниот инженер на Мерцедес, Фил Пру да премине во Ред Бул. Може ли Мерцедес да се соочи со уште еден бран на пребегнување во иднина по влезот на Ауди од 2026 година?

Сè уште не сме изгубиле никого во Ауди, но ќе има ситуации кога некои од Мерцедес или поранешните луѓе на Мерцедес ќе одат во Ауди, нема сомнеж во тоа – изјави Волф.

Ова е отворен пазар и постојат вакви движења меѓу тимовите.

Ги имаме овие движења и од други производители на мотори, иако не издаваме соопштение за печатот за нив секогаш кога тоа ќе се случи. Значи, тоа е сосема нормално – не е претерано загрижен тото.

Волф нагласи дека географската близина помеѓу фабриките на Мерцедес и Ред Бул веројатно го олеснила трансферот на вработените. Со оглед на тоа што Ауди се наоѓа во друга земја, убедувањето на персоналот да го направи овој потег нема да биде толку лесно.

Мислам дека најголемата конкуренција беше тоа што Ред Бул се лоцирани многу блиску. Мислам дека има поголема пречка кога станува збор за преселба во Германија, така што тоа дефинитивно не е нешто што најмногу ме загрижува.

ограничувањето на трошоците доаѓа и во областа на моторите, така што го ограничува износот на пари што може да се потроши и мислам дека тоа е важно.

Губењето на клучниот персонал од конкурент може да биде проблематично, но генерално, Волф е среќен што гледа како Ауди се приклучува на борбата од 2026 година.

Многу е возбудливо. Тие имаат фантастична инфраструктура во Нојбург, најсовремен објект. Знаат како да настапат, како што покажаа на Ле Ман И не се сомневам дека ќе бидат многу, многу конкурентни.

Тоа е нешто што тие го знаат и разбираат, па мислам дека дефинитивно ќе биде предизвик. Но, јас сум убеден дека тие ќе бидат добри, па добро е што доаѓаат. Тоа ја покажува силата и атрактивноста на Формула 1 и што може да им понуди на најдобрите брендови во светот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ