Волф очекува повик за тест од Гросжан

Роман Гросжан е нестрплив да ја прифати понудата од Мерцедес да му организираат Формула 1 тест во еден од нивните шампионски болиди. 

Минатата година, Тото Волф откри дека се подготвени да му дадат приватен тест на Гросжан за збогување од Формула 1 откако тој не беше во можност да ја заврши сезоната поради инцидентот во Бахреин. 

Гросжан има освоено 10 подиуми за своите 10 години поминати во Формула 1, а за претсојната сезона обезбеди место во Дејл Којн Рејсинг во ИндиКар шампионатот. 

Сеуште сум нетрпелив да влезам во Мерцедес Формула 1 болидот. Тоа е понуда што не се одбива и сакам да видам како се вози болидот и како работи.

Мислам дека во моментов работат на новиот болид за новата сезона, но разбирам дека треба да почекам. Нема веднаш да го барам Тото, но тоа ќе се случи.

Сега одам во САД и ќе поминам некое време таму да научам нешто за ИндиКар. Сакам да видам како работи таа програма – објасни французинот.

Гросжан го загуби местото во Хаас, но призна дека сеуште немал разговори за тест со Мерцедес. 

Немаме некоја комуникација. Не сакам да им сметам сега. Долго бев во Формула 1 и разбирам во каква ситуација се во моментов со подготовки на болидот.

Мислам дека не е добро време, Но Тото ќе добие повик од мене. Понудата ја прифаќам и Изненаден сум од природата на нештата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ