Волф потврди: Алисон не е целосно вратен во тимот

Тото Волф вели дека одговорностите на главниот технички директор на Мерцедес, Џејмс Алисон, остануваат поделени меѓу Ф1 тимот на производителот и едриличарскиот тим во Купот на Америка за INEOS Team UK.

Алисон одигра клучна улога во успехот на Мерцедес во Ф1 од 2017 до 2021 година, но се повлече од инженерскиот оддел на Мерцедес во Jули 2021 година, при што Мајк Елиот ја презеде улогата на технички директор во тимот на Брeкли. Сепак, беше објавено дека проблемите на Мерцедес минатата година, кои до одреден степен се проширија во оваа сезона, го охрабрија тимот да му довери на Алисон водечка улога во развојот на својот проблематичен болид.

По неодамнешното Гранд При на Австралија, Алисион го предводеше тимот со прашања и одговори по трката на својот канал на YouTube, присуство кое можеби сигнализираше дека 55-годишниот инженер навистина се вратил на активна должност со Мерцедес. Но, Волф ги негираше извештаите.

Тој не е вклучен – рече австриецот на прашањето за моменталното ниво на вклученост на Алисон.

Тој игра активна улога кога се разговара за долгорочни тимски стратегии, но во денешно време го посветува своето време на други активности како што е проектот на Купот на Америка и други програми насочени кон иновации.

Заедничката врска помеѓу инженерските напори на Мерцедес и Алисон во Купот на Америка е милијардерот Сер Џим Ретклиф, основачот и мнозинскиот сопственик на хемиската групација и спонзорот на Мерцедес, INEOS.

Волф јасно стави до знаење дека решавањето на сложените аеродинамички проблеми на Мерцедес во Формула 1 нема да биде толку лесно како да се врати еден поединец во неговиот инженерски тим.

Џејмс е сè уште многу важен за нашата организација – изјави Волф.

Но, во однос на тешкотиите што ги имаме, мислам дека не е прашање на една личност, колку што е да најдеме повеќе вистински луѓе во улогите што ни се потребни.

Исто така, беше спомнато дека Мерцедес ги чувствува ефектите од заминувањето кон крајот на Септември во 2019 година на својот поранешен инженерски директор и технички советник Алдо Коста, главен столб на тимот што го освои шампионатот за време на неговите доминантни години во Ф1.

Луѓето како Алдо не ги менувате, она што го направивме е да ја поделиме работата што тој ја направи на неколку луѓе – објасни Волф.

Алдо беше многу добар во структурирањето на неговото наследство, тоа не беше процес што може да се реши на краток рок.

Имавме две и пол години за да можеме да го обликуваме и прилагодиме техничкиот оддел на неговото отсуство.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ