Волф: Потегот на Фетел е одличен за мене, Ф1 и тимот

Тото Волф смета дека останувањето на Себастијан Фетел во Формула 1 е одлично за спортот, но и за неговата нова екипа, Рејсинг Поинт.

Неодамна Тото купи акции во британскиот производител Астон Мартин, а поради фактот што Рејсинг Поинт догодина станува фабричка Астон Мартин екипа, трансферот влијае и директно врз него.

одлично е, јас имам акции во астон мартин и од таа гледна точка ова е супер за мене. германскиот пазар е втор најважен за астон мартин.

одлично е и за формула 1 ако себастијан остане, тој е втор најуспешен возач оваа декада и важно е за спортот ако некој како него не замине.

од друга гледна точка, тој ќе донесе огромно знаење и искуство во астон мартин, а со некој како ленс строл кој константно се подобрува ќе бидат супер тандем. со неговото искуство мислам дека секоја екипа би напреднала и ќе има огромен придонес – смета волф во својата изјава за британски Sky Sports.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ