Волф: Распоред со три последователни трки е тежок

Тото Волф, шефот на шампионскиот Мерцедес, признава дека тешкиот распоред во 2020 година се повеќе и повеќе станува проблем.

Три последователни настани со три трки по ред, со само еден викенд како пауза, се дел од првата половина од сезоната. По тоа, уште 8 трки кои ќе траат до Декември. Ова е јасно многу тензично за тимовите, а Волф од Мерцедес признава дека дури и за нив, таков распоред е многу тежок.

Не е лесно за никого, Но за тркачка екипа е особено тешко бидејќи не може да патувате дома, не ја гледате својата фамилија повеќе од 3 недели, а досега тоа се случи два пати.

Додека бевме во Силверстон, имаше можност да се видиме со семејствата, но немаше ден во кој не работевме.

Сите бевме назад на работа, а такви три последователни викенди беа тешки – смета австриецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ