Волф сеуште верува во Хамилтон

Иако заврши сезоната во Ф1, Тото Волф признава дека има сеуште работа пред да започне новата сезона, а меѓу нив е и новиот договор на Хамилтон. 

Хамилтон ќе ја започне својата 11та сезона во 2023 година кога неговиот договор истекува. Иако настаните од минатата сезона, кога ја загуби титулата во Абу Даби, предизвикаа гласини дека тој сака да си замине, сега верува дека ќе има нов повеќегодишен договор со Мерцедес. 

Листата на работи што треба да се сработат е голема. Меѓу нив е и договорот на Луис што треба да го средиме во текот на зимата, но нема рок. Сигурен сум дека тој сака да биде дел од тимот и да продолжиме заедно – посака тото.

Оваа сезона беше тешка за Мерцедес и Хамилтон и ова е прва сезона кога Луис нема победено. 

Мислам дека главната сила е дека е гладен за победи. Сака да се бори и сигурен е дека ќе успее. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ