Волф: Стратегијата на Хамилтон не уништи

Мерцедес стигна до добар резултат по лошите квалификации и заврши на четврта и шеста позиција во Мајами. 

Хамилтон стартуваше од 13та позиција на гридот, додека Расел тргна од 6то место и двајцата беа на различни стратегии. Хамилтон почна на хард додека Расел на медиум гуми. На крајот, Хамилтон успеа да стигне до шеста позиција откако го престигна Леклер при крајот на трката и според Волф ризикот не им се исплател. 

Од 13та позиција е тешко да се стартува на иста стратегија како сите останати и затоа се одлучивме за хард кај Луис. Потоа видовме дека и останатите се на иста стратегија и беше тешко, но на крајот, тој извозе одлична трка и ги стигна.

Пред две години со четврта и шеста позиција немаше да сме задоволни како сега со ваков тежок болид, но квалификациите беа тешки и ова се одлични позиции – задоволен е тимскиот шефт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ