Волф: Фетел во Мерцедес е добра маркетинг приказна

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, признава дека се размислува околу трансфер на Себастијан Фетел во Мерцедес, но неговиот фокус останува кон возачите кои се дел од неговиот сегашен тандем.

Без возачко место во 2021 година, откако тој и Ферари се разделија, се шпекулира дека Фетел би можел да премина во Мерцедес, откако и Хамилтон и Ботас се на крајот на своите договори. Во исто време Волф признава дека има смисла во можноста за трансфер во Мерцедес.

Секако дека германец во германски болид е добра маркетинг приказна. Во Мерцедес, сепак, се фокусирани на успех, но Себастијан секако дека е многу добар.

Токму поради тоа се прашуваме што ќе правиме со Џорџ Расел, опцијата со Фетел е секако тема на разгвор. Но тоа не е приоритет во моментов, концентрирани сме на нашите сегашни возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ