Волф: Ф1 не треба да ги повтори грешките со моторите

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, ја предупредува Формула 1 да се фокусира на трошоците кога ќе ги прави правилата за моторите за 2026 година. 

Воф признава дека спортот направил грешка со правилата за моменталните мотори бидејќи се прекомплексни и прескапи. Овие правила ќе важат уште пет сезони, а веќе се водат дискусии за нивна промена. Формула 1 и ФИА бараат решение и баланс помеѓу хибридот и моторот со внатрешно согорување. Главниот фокус е на трошоците за да се привлечат нови производители. 

Дискусиите беа многу добри. Една позитивна работа е што целата автоиндустрија оди кон електрификација и ние треба да разгледаме варијанта со мотор со внатрешно согорување и електрика.

Верувам дека треба да се видат и трошоците. Развивање на нов мотор не е посакуван правец. Направивме таква грешка во 2011 и 2012 година и испадна многу комплексен.

Како што стојат работите сега мислам дека може да се зголеми процентот на одржив извор на енергија и конвенционален мотор – појасни волф.

Волф смета дека програмата за моторите на Мерцедес се заснова на одржливи горива. 

Не е дека сакаме да ги поедноставиме, но сакаме да ги намалиме трошоците. покрај тоа треба поголема батерија и одржливи горива кои се иднината. 

Шефот на Формула 1, Чејс Кери, кој е во заминување, ја нагласи важноста на новите правила за моторите како дел од целта кон која оди Формула 1, а тоа е јаглеродна неутралност до 2030 година. 

Наша цел е одржливост на спортот и пат кон кој ќе го движиме развојот на моторите и екологијата. Формула 1 е платформа за наредната генерација во авто индустријата.

Веруваме дека овие мотори ќе донесат нова ера на хибридот. Електриката ќе биде дел од решението за јаглеродна неутралност на моторите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ