Волф: Хаас немаше да се однесуваат така со Мик да беше Михаел крај него

Тимскиот шеф на Мередес, Тото Волф, тврди дека неговиот колега од Хаас, Гунтер Стаинер, немало да се осмели да се однесува со Мик Шумахер како што се однесуаше лани доколку неговиот татко бил приутен крај него.

Мик беше отстранет од тимот по крајот на минатата година по две сезони во американската екипа во кои не ги донесе очекуваните резултати, а искусниот германец, Нико Хулкенберг, беше донесен на негово место.

Гунтер силно ги критикуваше перформансите на Мик на почетокот од годината откако младиот германец никако не успеваше да стигне до поени, а патем често имаше судари кои тимот многу го чинеа. Тото смета дека Гунтер немало да биде толку суров кон Мик доколку неговиот легендарен татко, инаку седумкратен Формула 1 првак, бил крај него како поддршка во падокот.

можам само да кажам дека родителите на мик не погрешиле ништо додека го одгледувале и воспитувале и тврдам дека ако михаел го придруживаше мик во двете години во хаас, гунтер немаше да се осмели да се однесува со него така – изјави тото за швајцарски blick.

Откако беше отстранет од Хаас, Мерцедес го земаа Шумахер како нивна резерва и развоен и тест возач за оваа година.

доколку се случи нешто оваа година, тогаш мик ќе вози, јас се грижам за него. ако некој се повреди, мик ќе влезе во болидот, точка, нема дискусија повече.

Австриецот откри дека намерата на тимот е да му доверат тест на Мик со некој постар болид.

се обидуваме да подготвиме постар болид за него и тоа колку што можеме поскоро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ