Волф: Хамилтон е тивок бидејќи нема што да каже

Тото Волф смета дека тишината на Луис Хамилтон која трае од последната трка во Абу Даби е бидејќи нема зборови за неправдата која му се случи во текот на трката. 

Хамилтон ја загуби титулата во последниот круг на последната трка, a Макс Верстапен стана шампион. Мерцедес беа лути на одлуката со безбедносното возило поради што Хамилтон беше оставен со стари гуми да се брани од Верстапен кој беше на нови софт пневматици. 

Тој е отсутен од медиумите, вклучувајќи ги и социјалните, освен што беше фотографиран за прогласувањето на витез. Дури не испрати ни божиќна честитка, што е чудно за него. 

Сите имаме емоции, а Луис најмногу. Тој ја имаше титулата до последниот круг и ја загуби тогаш. Секако тогаш губиш надеж и не можеш да разбереш што ти се случило. Тој е тивок бидејќи нема што да каже – посочи волф.

Австрискиот шеф на Мерцедес појасни дека дискутирале со Хамилтон пред да одлучат за жалбата. 

Луис беше во канцеларија со мене и сите останти. Тоа што му го кажав пред да биде прогласен за витез е дека треба да си посвети неколку часа на животната работа и перформансите и сите позитивни моменти. Мислам дека тоа и го направи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ