Волф ја објасни улогата на Мерцедес во филмот на Бред Пит

Сребрените Стрели биле значително вклучени во продукцијата на измислениот тим за потребите во филмот на Бред Пит и Apple.

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, ја откри улогата на Мерцедес во помагањето на продукцијата на Ф1 филмот со Бред Пит.

Измислената екипа APX GP доби гаража во боксовите покрај Мерцедес и Ферари, со два болида кои возат на патеката помеѓу сесиите додека започнува снимањето за време на Големата Награда на Велика Британија.

Луис Хамилтон е вклучен како консултант, а неговата продукциска компанија Dawn Apollo Films го надгледува проектот, кој е режиран од страна на Џо Козински од Топ Ган: Маверик.

Возбудата околу проектот се зголеми со Бред Пит и неговиот колега Демсон Идрис кои присуствуваа на снимањето, но за Мерцедес, преку Хамилтон, имало огромна количина на вклученост уште од самиот почеток.

Ние сме прилично вклучени од самиот почеток – изјави Волф за медиумите.

Кога ги имавме првите дискусии, го испративме Бред на тренинг во Франција, возејќи со болидите од Формула 4 па сè нагоре и се обидовме да бидеме од голема помош.

Луис е извршен продуцент, па сакаше да се увери дека кога филмот ќе излезе, истиот ќе биде што е можно пореален.

Се изнасмеавме неколку пати, но мислам дека тоа е многу добар наратив, и напорот што го вложија, им помогнавме да користат Ф2 болид и да ја изградат каросеријата околу него што изгледа како Ф1 болид.

Потоа гаражите, сето тоа, се обидовме да им помогнеме и да им ги дадеме дизајните за да бидат што е можно пореални. Тоа е огромен напор.

Разговарав со режисерот пред неколку недели и очекував да ми каже дека е во Холивуд, но тој ми кажа дека е во неговиот стан во Брекли, така што не е баш најдобро да се биде филмски режисер.

Кога одите во гаражата на тој тим и ја забележите целата поставеност што ја имаат во истата, навистина е неверојатно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ