Воулс: Не знаев како е да се биде тимски шеф

Новиот тимски шеф на Вилијамс, Џејмс Воулс, посочи дека за време на неговото работење како шеф на стратегијата во Мерцедес, не знаел точно што значи да се биде шеф на една Формула 1 екипа.

Се до оваа година, Воулс беше дел од тимот од Бракли, напредувајќи низ категориите и стигнувајќи до главен стратег на поранешните шампиони. Освен тоа што беше главен на стратегијата, тој учествуваше и во менаџирање на младите возачи на својата позиција и раководеше со присуството на производителот во други категории, а беше сметан за десна рака и прва замна на Тото Волф на чело на екипата.

Но, Џејмс посочи дека мора да ја научи работата во Вилијамс, а првите месеци на чело на екипата му дозволило да сфати дека не знае се и дека има уште многу да учи за да биде добар предводник на еден тим.

праватм тансфер од една работа која ја правев долги, долги годни, аботев 20 години на тоа место и имав среќа да бидам главен стратег, но имав и многу други задачи освен таа, но не организирав нито во тимот, немав работа како тимски шеф. знаев нешто во врска со тоа како е да се биде тимски шеф, но не знаев се.

сепак, многу е возбудливо затоа што користите вештини кои претходно ги имате стекнато и ги истражувате границите на на што сте свесни. имам уште многу учење, работам поинаку од она што сум навикнат долги години во минатото, немам вакво искуство, но мислам дека ќе се снајдам.

Запрашан да ги спореди Мерцедес и Вилијамс, тој познал заедничка желба за успех во двете екипи.

се работи за дверазлични организации кои во боксот се половина километар една од друга. мерцедес е организација која е одлично финансирана многу години и имаат се и сештп, се што им е потребно, а вилијамс мина низ многу лидерски промени минатите 15 години. ако погледнете добро, ги немаа бараните инвестиции за да го задржат нивото на останатите и работеа одлично со оглед на ресурсите кои ги имаа и сеуште има многу добри луѓе гладни за успех и перформанси.

јас велам дека сега сме во период на трансформација на ова патешествие, сите се дел од тоа, имаме добри инвестиции и светла иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ