Во Мерцедес многу позадоволни по последниот ден тестирање

Главниот инженер на Мерцедес, Ендру Шовлин, верува дека В14 болидот на тимот е во многу подобра позиција по последниот одработен ден тестирање на Шакир.

Луис Хамилтон и Џорџ Расел имаа добар почеток на тестот во четврток кога се порадуваа поради тоа што го немаа ланското потскокнување, но перформансите назадуваа следниот ден, по што тимот напорно работеше во текот на ноќта за да ги отстрани слабостите.

Шовлин потврди дека успеале да го оптимизираат сетирањето кое го смирило и подобрило болидот и неговите перформанси.

многу работа сработивме во текот на ноќта за да најдеме подобрувања на болидот и да ја вратиме насоката на сетирање која претходно беше поставена. направивме напредок, така што двајцата возачи беа позадоволни од пакетот кој го имаа на располагање во сабота, а балансот беше подобро оптимизиран за летечки круг и за долги тркачки серии.

јасно е дека имаме уште многу работа, но она што го видовме во сабота ни дава убава слика и верба дека сме на правиот пат. ќе го искористиме периодот до следната трка за да ги анализираме сите собрани податоци за да извлечеме повеќе перформанси од болидот – појасни шовлин.

Расел одработе 83 кругови во утринскиот дел од последниот ден и смета дека В14 бил во подобра позиција одошто проблематичниот петок.

имавме многу подобар ден денеска, чекор напред, направивме прогрес со проблемите кои се соочивме вчера. верувам дека болидот го подобривме како што минуваше тестирањето и в14 е многу подобар сега. сеуште имаме многу работа а да бидеме во подобра позиција за следната недела.

Луис Хамилтон возеше во попладневниот дел кога комплетираше 63 кругови со најмеките Ц5 гуми и постави време 3 десеитинки зад најбрзиот круг на Чеко Перез кој беше на нијасна потврдите и побавни Ц4 гуми. Седумкратниот првак призна дека болидот не е идеален, но напреднат во однос на претходниот ден.

најдовме многу нови работи со пристапот кој тимот го користеше, работевме напорно и фокусирано. не сме сеуште каде што сакаме да бидеме, но имаме одлична база. не се знае како ќе биде на прватра трка, но позитивни сме и оптимисти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ