Вурц: Има многу потенцијал во Ферари

Алекс Вурц смета дека има многу неискоритен потенцијал во СФ-23 кој ќе треба да се најде во Барселона. 

Ферари напаѓаа на подиум во Монако но не донесоа надградби кои ги чуваа за во Барселона. 

Според поранешниот возач Алекс Вурц се гледа како тешко се вози болидот во Монако и верува дека висината на самиот болид е проблем. 

Љубопитен сум да видам што ќе донесат Ферари во Барселона бидејќи видов дека болидот тешко се вози во шиканите на Монако. Тој многу отскокнуваше и возачите се бореа. Не треба да заборавиме дека Барселона е брза патека. Мислам дека е доста низок и тежок за суспензијата. Мислам дека ќе се борат со висината. 

Ферари носи надградби во Барселона за да се справи со проблематичната аеродинамика по цена на возните својства. 

Иронично е што Ферари имаат помалку проблеми со потскокнувањето од лани. Но можеби имаат друг проблем и не мора да работат на тоа. Мора да се подобрат возните својства. Барселона може да направи проблем со потскокнувањето. Во Монако беа брзи и Макс мислеше дека се побрзи од нив но не го користат тоа. Ќе видиме во Барселона. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ