В.Британија: Верстапен, Норис и Пиастри најбрзи во шокантна завршница

Макс Верстапен повторно беше непобедлив и Холанѓанецот ја освои пол позицијата за Големата Награда на Британија.

Возачот на Ред Бул постави најдобро време од 1:26.720 за да заврши само 0.241 секунди пред второпласираниот Ландо Норис, кој беше во одлична форма за Мекларен.

Дебитантскиот тимски колега Оскар Пиастри беше трет најбрз пред дуото на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинз, со двата Мерцедеси на Џорџ Расел и Луис Хамилтон на шестото и седмото место.

Алекс Албон повторно импресионираше и се пласираше осми за Вилијамс, Фернандо Алонсо заврши само како деветти за Астон Мартин, додека Пјер Гасли ги заокружи првите 10.

Кошмарната серија на Серхио Перез за Ред Бул продолжи со уште една елиминација во К3. Мексиканецот ќе ја започне трката од 16та позиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ