В. Британија Т2: Верстапен најбрз, Албон фантастичен, Леклер без ниту еден круг

Макс Верстапен ги заврши петочните сесии како најбрз за Големата Награда на Велика Британија поставувајќи го најбрзиот круг и во Т2, со време од 1:28.078.

Тоа беше минимални 0.022 секунди побрзо од Карлос Саинз од Ферари, додека Алекс Албон продолжи со фантастичниот приказ освојувајќи го третото место за Вилијамс.

Темпото на тимот од Гроув (Вилијамс) беше потврдено со пласманот на Логан Сарџент на петтото место, додека вториот Ред Бул на Серхио Перез ги подели двајцата возачи на Вилијамс.

Ленс Строл беше најбрзиот возач на Астон Мартин на шестото место, веднаш следен од Нико Хулкенберг од Хаас и Пјер Гасли од Алпин.

Мекларен го поставија својот најнов пакет надградби на болидот на Оскар Пиастри што му овозможи на Австралијанецот да заврши како деветти најбрз пред Фернандо Алонсо.

Проблемите на Мерцедес продолжија со Џорџ Расел на 12то место, додека Луис Хамилтон беше само 15ти. Но, проблемите на Сребрените Стрели не се ни одблиску како тие во споредба со Шарл Леклер. Возачот од Монако не можеше да учествува во сесијата додека Ферари истражуваше електричен проблем во неговиот болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ