Гасли верува дека заминува од Ред Бул во вистински момент

Пјер Гасли вели дека е вистинско време да го напушти семејството на Ред Бул и да ја одведе својата Формула 1 кариера во друга насока со тимот на Алпин.

Гасли брзо стана цел број еден за Алпин откако Фернандо Алонсо најави заминување за Астон Мартин и стана јасно дека Оскар Пиастри ќе се приклучи на Мекларен. Преговорите беа сложени затоа што Ред Бул мораше да потврди замена за Гасли во АлфаТаури и поради тоа што компанијата за енергетски пијалоци стави висока цена на францускиот возач, кој имаше уште една година од договорот.

Гасли верува дека Алпин е идеална дестинација за него, бидејќи тимот градел одреден моментум.

Можноста се појави летово и почнавме да разговараме за тоа. Очигледно тоа е голем потег за мене, јас сум во Ред Бул девет години, речиси целата моја кариера е со нив.

Дефинитивно е чувството како затворање на едно поглавје и започнување на ново. За мене, морам да кажам, ми беше природно чувство и многу брзо ја донесов вистинската одлука.

Само врз основа на тоа каде сум во мојата кариера, врз основа на амбициите на Алпин, врз основа на нивниот напредок во последните неколку години. Само што се подобри и подобри секоја сезона, тие ја имаат оваа стратегија да се борат на врвот во текот на следните 100 гранд при трки и тие само одат во вистинската насока.

За мене, исто така е вистинско време да тргнам во своја насока и да ја искористам оваа можност со производител на автомобили. Дефинитивно верувам во овој проект и многу сум возбуден поради тоа – не крие гасли.

Пјер откри дека е клучно тоа што Алпин уште од рана фаза јасно ставиле до знаење дека тој е избор број еден и дека тимот од Енстон морал да работи многу напорно за да го натера Ред Бул да го ослободи.

Тоа беше дефинитивно еден од најважните критериуми за мене, што ми беше јасно дека треба да одам таму, како и колку силна беше нивната волја да ме извлечат од Ред Бул и да ме внесат во тој болид.

Тие веднаш ставија до знаење дека мораат да работат многу напорно во однос на преговорите, тоа не беше лесна зделка меѓу сите вклучени страни. едноставно, се чувствував како веднаш да се напрегаа толку многу за да ме добијат и навистина веруваат во тој проект.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ