Гасли и Албон казнети со по 5 секунди

Пјер Гасли доби казна од 5 секунди на своето врем по крајот на трката поради предизвикување на судар со Ленс Строл од Астон Мартин.

Доцна во трката, возачот на Алфа Таури го допре “зелениот Ред Бул“ и го изврте Строл, а инцидентот беше забележан од страна на стјуардите. Тие решија дека французинот е виновен за предизвикување на инцидентот и поради тоа му дадоа казна од 5 секунди како и два казнени поени на неговата лиценца, што се вкупно 4 за него во минатите 12 месеци.

Самиот возач прифати дека е одговорен за инцидентот, но го окарактеризира како жестоко тркање.

стјуардите ги ревидираа видео доказите. строл беше крај гасли од надворешниот дел на врвот од кривината и му остави на гасли доволно простор.

гасли подуправуваше и имаше контакт со строл, така што беше целосно негова вина тоа што се судрија поради негов недостаток на грип – посочија стјуардите.

Втората казна по трката од пет секунди беше доделена на Александер Албон за напуштање на патеката и остварување предност поради тоа. И со додадените 5 секунди, Гасли успеа да заврши пред Строл на 13то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ