Гасли може да си замине од Ред Бул по 2023

Французинот од АлфаТаури, Пјер Гасли, има слобода да го напушти Ред Бул по 2023 година, откри доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на екипата..

Французинот Гасли го притиска Ред Бул повторно да го промовира од вториот тим АлфаТаури, но екипата во сопственост на производителот на енергетски пијалоци потврди дека тој останува во Фаенца до крајот на 2023 година.

Имаме добри односи – изјави Марко.

Како лидер, тој имаше многу успеси со АлфаТаури во последните години, Но Јуки тсунода е веќе на негово ниво во однос на брзината по круг, а исто така и во трката.

Без разлика, финансиски го подобривме договорот со Гасли, иако не требаше. Новиот договор значи дека Гасли не може да си замине од Ред Бул во 2023 година.

Почнувајќи од 2024 година, тој е слободен – потврди австриецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ