Гасли: АлфаТаури може до 6то место кај конструкторите

Французинот Пјер Гасли смета дека АлфаТаури може да стигнат до шеста позиција кај конструкторите до крајот на сезоната. 

Иако во првиот дел од сезоната беа во поени во сите трки, сега малку потешко им оди, а Гасли смета дека ќе имаат можност да ги стигнат своите ривали. 

Сега сме на еден поен од седмото место и наша цел на последните шест трки е да направиме што е можно повеќе и да напредуваме.

Не е невозможно да ги стигнеме Алфа Ромео за шестата позиција. Целиме на поени со двата болида и тоа не е лесно. Треба да извлечеме максимум од болидот – посочи французинот.

Гасли смета дека непредвидливоста на наредните две трки ќе биде клучна. 

На последните трки се знаеше што ќе се случи, но ова сега се различни патеки на кои некој се нема тркано со години и поради тоа Се може да се случи.

На последните трки тука завршив во поени. Се надевам дека со надградбите ќе бидеме посилни. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ