Гласини: Хамилтон им најавил на Мерцедес дека ќе продолжи

Според гласините во италијанскиот печат, Луис Хамилтон најавил до својата екипа дека нема намера да престане со Формула 1 и дека ќе се обиде да стигне до својата рекордна 8ма титула догодина.

Седумкратниот првак не беше присутен на церемонијата на ФИА на која се доделуваа наградите во тркачките серии под капа на Федерацијата, а по трката во Абу Даи не се огласи преку медиумите и е беше присутен на социјалните мрежи.

Мерцедес се жалеа на одлуките од стјуардите донесени за време на трката, но нивната жалба беше отфрлена. Следуваше период во кој тимот најави дека повторно ќе ги оспори на суд донесените одлуки, но се решија да не го прават тоа, откако ФИА најави дека ќе преиспита се што се случило во последниот круг во Абу Даби.

Според Франко Нуњес, новинат на италијанскиот дел од моторспорт, Хамилтон планира да го одработи потпишаниот двегодишен договор и има намера да продолжи да се трка крај Џорџ Расел во 2022 година.

Самиот Тото Волф најави дека неговиот возач е разочаран од случувањата на последната трка и дека поради тоа не може да гарантир дека ќе се врати во падокот во иднина. Единствен настан на кој Луис се појави беше прославата на титулата на Мерцедес во Бракли, настан на кој се испраќаше и Валтери Ботас во Алфа Ромео за слдната сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ