Гледаноста на спортот најголема од 2012

Трета година по ред гледаноста на Формула 1 расне, а 2019 беше најгледана сезона по 2012 година. Растот во споредба со претходната сезона бил дури 9%.

Вкупниот број на телевизиски гледачи бил 1,992 милијарди во текот на сите 21 трка, што значи трета година п оред бројот на гледачите пред телевизиските екрани се зголемува.

Најголемите пет пазари за Формула 1 и тоа Бразил, Германија, Италија, Велика Британија и Холандија сите пријавија раст кој кумулативно е над 100 милиони, додека Полска беше најбрзо растечки пазар каде гледаноста се зголемила за 256%. Фантастичен пораст од 228% имал и МЕНА регионот односно Средниот Исток и Северна Африка.

Поединечната (убникатна) гледаност е зголемена за 0,3% на 405,5 милиони, додека на 19 од вкупни 21 трка во календарот се забележало поголема гледаност одошво во 2018 година.

Пораст имало и низ социјалните медиуми и канали чие следење се зголемило за 32,9% во однос на претходниот период што ќе рече дека на Интернет Формула 1 е најбрзо растечки голем спорт во светот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ