Глок: Ферари е најголемо разочарување сезонава

Поранешниот Формула 1 возач, германецот Тимо Глок, го означи Ферари како најголемото разочарување оваа сезона.

Ферари се надеваа дека ќе влезат во тековната сезона посилни во споредба со минатата година, кога нивната силна форма на почетокот на сезоната исчезна како што одминуваа трките. По победата во две од воведните три трки, беа обезбедени само уште две победи во текот на целата година што беше нарушена со грешки во стратегијата, грешки на возачите и загриженост за сигурноста.

Сепак, тимот се гордееше што се вратија на највисокото скалило на подиумот по тешките сезони во 2020 и 2021 година. Но, Глок, кој учествуваше на речиси 100 трки во текот на неговата кариера во Ф1, го критикуваше тимот по настанот без поени во Мелбурн.

За мене Ферари е апсолутно разочарување на сезоната – напиша тој во својата колумна за Sky Sports Deutschland.

Во однос на темпото, црвениот тим ништо неможе да погоди. Шарл Леклер покажува дека по лошите квалификации, ризикот да биде вклучен во судар е голем.

Тимскиот колега на Леклер, Карлос Саинз, отпадна од топ 10 кога му беше изречена временска казна по контактот со Фернандо Алонсо.

Карлос Саинз имаше добро темпо во меѓувреме и покажа силни маневри за претекнување – додаде Глок.

Казната на крајот беше несреќна, но оправдана. Тоа секако не беше почеток на сезоната на кој Ферари се надеваше, на кој се надевавме ние.

Сега останува на Фредерик Васур брзо да постави нова насока и да го врати тимот на вистинскиот пат.

Ред Бул доминираше на почетокот на сезоната во оваа година, продолжувајќи ја својата силна форма од минатата сезона. Понесе три победи од три трки досега и покажа забележителна предност во однос на своите ривали.

Со трката во Баку следна на календарот, Глок верува дека распоредот на патеката ќе одговара на пакетот РБ19 и ќе го однесе Ред Бул на уште поголема височина во однос на остатокот од конкуренцијата.

Има ли надеж дека следните трки ќе бидат повозбудливи? Мислам дека тоа што возачите беа поблиску еден до друг во Мелбурн се должи на карактеристиките на патеката – рече Глок.

Се надевав дека особено Мерцедес ќе се доближи. Мора да видите дали можат да го задржат темпото.

Во Баку има повеќе свиоци, долги правци, каде ДРС ефектот на Ред Бул доаѓа во игра. Затоа мислам дека Ред Бул повторно ќе направи поголема разлика меѓу себе и конкуренцијата во Баку.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ