Горивото е најголема промена кај моторите во хибридната ера, сметаат од Мерцедес

Шефот на одделот за мотори во Мерцедес, Хајвел Томас, смета дека проминот од Е5 на Е10 гориво за ова сезона претставува најголема промена кај правилата во хибридната ера во однос на агрегатите.

Четирите производители кои доставуваат свои мотори во Формула 1 мора со своите партнери задолжени за гориво да развијат нов тип на гориво со поголем процент на био состојка, потешкиот дел е да се подесат моторите да работат со таквото ново гориво, а секако дека главна главоболка е согорувањето. Промената на Е10 гориво е една од главните причини поради кои Ред Бул побараа Хонда да продолжи да ги произведува нивните агрегати.

како и секоја година разввиаме ново гориво во партнерство помеѓу нас и петронас за дасе осигураме дека истото ќе биде совршено за моторот, а моторот ќе вади максимум.

промената на е10 гориво за оваа година веројатно е најголемата промена кај правилата за моторите која сме ја виделе од 2014 година. поради тоа имавме многу работа пред себе најпрво за да се развие горивото затоа што имавме доста опции од кои моравме да ја избереме онаа која најдобро ќе работи со цилиндрите од моторот – посочи томас.

Инженерот потенцираше колку значајна е промената за оваа година и тоа не само поради зголемување на биолошката компонента како составен дел од горивата туку и поради одржливоста на производот.

постојат био компоненти во горивото низ целата хибридна ера, а до сега барањето беше био компонентата да биде 5,75% од горивото. со промената за годинава, таа компонента се зголеми на 10% и наместо слобода за тоа која био компонента ќе се користи, моравме да користиме етанол.

така, промената согласно која био компонетата мора да биде етанол носи различна реакција кај моторот затоа што горивото е доста различно. со некои делови од перформансите сме навистина задоволни, но има и делови со кои не сме задоволни поради губиток на моќ. моравме да го промениме моторот онаму каде што можевме, да го промениме моторот онаму каде што смееме со цел да добиеме максимални ефекти од работата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ