Горчливо чувство кај Хулкенберг што не вози на Нирбургринг

Нико Хулкенберг изјави дека се чувствува помалку “горчливо“ што нема да вози на домашната трка во Германија викендов на Нирбургринг.

Германецот остана без возачко место за 2020 година откако Рено се одлучија за Естебан Окон. Сепак, Хулкенберг имаше мала улога оваа сезона, кога го замени Серхио Перез на две трки откако мексиканецот беше позитивен за КОВИД-19.

Навистина е горчливо чувството. Жал ми е што нема да возам оваа година. Штета е. Ќе уживав да се тркам на оваа патека.

Нордшлајфе е лудило. Најверојатно најлудата патека во светот и најтешката во светот. Толку е динамична. Кога возите, автомобилот е постојано во движење. Работи постојано. Побарува многу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ