Хулкенберг: Алармот веќе се слуша во Хаас по досегашниот кошмар

Проблемите на Хаас не се поврзани само со нивното тркачко темпо во 2023 година.

Нико Хулкенберг призна дека се активиралe алармите во Хаас по уште повеќе проблеми со моторот на Британското ГП.

Во текот на викендот, тимот претрпе два проблеми со моторот на болидот на Кевин Магнусен, вклучително и со пожарот што го означи крајот на неговата трка во неделата.

Тоа заедно со повторливиот проблем на тимот со недостаток на темпо на трка значи дека Хаас нема освоено поени од Големата Награда на Мајами, а нивниот најдобар резултат од тогаш е финиш на 13то место на Хулкенберг во Силверстон.

Германскиот ветеран се откажа во Австрија поради губење на моќта од погонската единица на Ферари во задниот дел, а тимот бараше решение.

Имав неколку неуспеси оваа година, така што дефинитивно се слушаат алармите – изјави Хулкенберг за медиумите.

Се чини дека тоа се случува повеќе на нашиот болид, така што дефинитивно треба да го сфатиме сериозно и треба да истражиме и да откриеме зошто тоа се случува.

Трката на Хулкенберг во Силверстон беше компромитирана во раните фази со тоа што Серхио Перез го удри неговото предно крило додека до претекнуваше возачот на Хаас, принудувајќи го на раното влегување во бокс од кој Хулкенберг не можеше да се опорави.

Тоа е жално, јас не го ни почувствував контактот, мислам дека беше малку нетрпеливо од него, бидејќи тој и онака имаше ДРС по свиокот 6 па лесно ќе поминеше покрај мене.

Беше малку избрзано и непотребно.

Техничкиот директор на Хаас, Симоне Реста, исто така се осврна на ситуацијата, говорејќи пред трката и неуспехот на Магнусен.

Верувам дека досега беше добра сезона – објасни тој.

Имавме неколку кошмари од страната на моторот, но освен тоа, тоа беше пристоен старт. Не би се опишал себеси како особено загрижен во тој поглед.

Го користиме она што ни го дава Ферари и даваме се од себе и се фокусираме на деловите на кои можеме да влијаеме и можеме да ги подобриме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ