Стаинер: Хулкенберг е најбрзиот квалификант со кого сум работел

Нико Хулкенберг импресионираше по неговото враќање во Ф1.

Tимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека неговиот возач Нико Хулкенберг е најбрзиот возач во квалификации со кој некогаш работел во Ф1.

Германецот се натпреварува во цела сезона на Ф1 оваа година за прв пат од 2019 година, и во голема мера импресионираше, постигнувајќи девет од 11те поени на Хаас досега во 2023 година.

Сепак, токму во саботите Хулкенберг навистина блескаше, достигнувајќи до К3 во три наврати, вклучувајќи го и поставувањето на второто најбрзо време во квалификациите за Големата Награда на Канада.

Се смета дека Хулкенберг е блиску до продолжување на договорот со Хаас до 2024 година, а Стаиннер зборуваше за способноста на неговиот возач во еден круг.

Јас би рекол така – изјави Стаинер на прашањето дали Хулкенберг е најбрзиот квалификант со кој некогаш работел во Ф1.

Видовме оваа година, тој влезе во К3 три пати, така што сигурно е многу добар квалификант.

Тој може да извози круг кој понекогаш доаѓа од никаде.

Се очекува Хаас да објави продолжување на договорот и за Хулкенберг и за колегата Кевин Магнусен во наредните денови, а Стаинер рече дека и двата договори се блиску до завршување.

Само уште неколку детали, но ништо големо – рече Стаинер.

Секогаш зборувам со нив и ние сме на добро место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ