Гросжан е фан на новиот Верстапен

Поранешниот Формул 1 возач, французинот Роман Гросжан, го пофали Макс Верстапен и верува дека ги оправдал очекувањата откако ја одбранил титулата. 

Тој смета дека Верстапен покажал смиреност и самодоверба во оваа сезона. 

Знаеме дека тој е екстремно талентиран и мислам дека титулата му даде повеќе самодоверба и смиреност. Откако е шампион, тој се смири и вози извонредно.

Годинава Ред Бул доминираат, но мислам дека Ферари и Мерцедес ќе им направат проблем бидејќи не е добро цело време да победува еден болид – посака актуелниот индикар возач.

Иако Хаас никогаш не може да му конкурира на Ред Бул, сепак, Гросжан смета дека имал добри борби со Верстапен во минатото. 

Иако тешко му конкуриравме на Ред БУл, возевме заедно некое време. Имавме интересни борби, но тој е импресивен. Мислам дека Макс многу научи низ годините и Брзо се справи со предизвикот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ