Гросжан за разликите меѓу Верстапен и Перез

Канада беше една од најдобрите трки за Ред Бул каде Макс Верстапен дојде до победа од пол позиција, додека неговиот колега, Серхио Перез, не ја заврши трката поради механички проблем.

Перез се мачеше во промениливите услови и излета на квалификациите и неговата трка траеше само осум кругови откако му се расипа менувачот. Гросжан го пофали Вертапен за справувањето со притисокот од Саинз и силните перформанси во текот на викендот.

Макс беше непобедлив викендов. Го избегна дождот и проблемите на квалификациите и во трката. Тој беше импресивен и успеа да се одбрани од Саинз со ДРС. Не можеше да се оддалечи, но го задржа без грешка зад себе. Беше перфектен – посочи поранешниот француски формула 1 возач.

Гросжан смета дека се било различно за Перез.

Перез имаше тежок викенд, Не беше брз и излета на квалифиакциите. Се верува дека проблемот со менувачот е токму од квалификациите каде тој удри во бариерата и се обиде да се извлече во рикверц. менувачите мора да имаат рикверц, но се избегнува употреба.

Перез е само три поени пред Шарл Леклер на втората позиција во шампионатот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ