Гросжан: Ми требаа пет минути за да видам зошто Мерцедес се шампиони

Поранешниот Формула 1 возач, Роман Гросжан, откри дека му требало само пет минути во базата на Мерцедес во Бракли за да види зошто се толку моќни и доминантни и зошто се шампиони.

Французинот беше во Бракли за да му се направи седиште кое ќе го користи за својот последен Формула 1 тест кој ќе се одработи по Француското Гранд При. Планот беше да добие можност и за демонстрација пред гледачите на Пол Рикар, но поради поместување на трката една недела порано, не постои можност за тоа.

отидов во фабриката и бев вчудоневиден од објектите и опремата, како и условите во кои се работи. по пет минути со мерцедес во бракли одма разбрав зошто се најуспешниот спортски тим во историјата на тркачката серија. невозможно е да се најде екипа во било кој друг спорт во светот која победувала толку многу како мерцедес, а разбрав и зошто.

иако сите годинав на тестот во бахреин зборуваа колку е брз ред бул, по четири трки, мерцедес е прв, не ред бул. тоа е силата на оваа екипа, можеби немаат најбрз болид, но секогаш наоѓаат решение за да надоместат – полн со пофалби е роман.

Гросжан почна во Формула 1 преку Рено во 2009 година, но беше заменет од Нелсон Пике на средина од годината. Се врати во 2012 година во Лотус откако во меѓувреме се тркаше во ГП2 каде стана првак во 2011 година, а на крајот на 2016година стана дел од новата американска екипа, Хаас, каде остана до крајот на минатата сезона.

би рекол дека културата во мерцедес е посебна, а се работи на деталите максимално посветено. сите се обидуваат да најдат решение за проблемот и да направат нешто за да бидат побрзи.

јасно е дека објектите и опремата се неверојатно, но веројатно и другите екипи го имаат тоа, но поинку го користат и не ги оптимизираат толку добро – зклучи гросжан.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ