Гросжан откри дека Себ го посетил во болница во 6 наутро

Себастијан Фетел бил еден од првите кои го посетиле Роман Гросжан во болница по страшниот судар на Бахреинското Гранд При лани.

Французинот имаше тежок судар на претпоследната трка лани по кој неговиот Хаас болид се запали откако со огромна брзина се заби во заштитната ограда и се подели на два делови. На возачот му требаа 28 секунди да излезе од болидот кој гореше и чудо го спаси од поголеми повреди. Итно беше пренесен во болницата, а меѓу првите кои го поседиле бил четирикратниот шампион, тогашен возач на Ферари.

во понеделник на 30 ноември се разбудив во 6 наутро. имав посети уште многу рано, некои од нив многу неочекувани, а себастијан фетел беше многу загрижен за мене.

веројатно себ е возачот кој чувствувам дека ми е најблизок, живее сличен живот со мене, има три деца и сака колку што може повеќе да го чува во тајност својот живот.

кога му кажав дека сакам да се тркам на последната трка ми рече да одам дома и да се одморам. но, му објаснив дека е крај на мојата формула 1 кариера која не сакам да ја завршам на тој начин – напиша гросжан во својата автобиографија La Mote En Face.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ