Гросжан сеуште се надева на тест со Мерцедес

Роман Гросжан изјави дека сеуште  се надева дека ќе тестира со шампионскиот Мерцедес и тоа ќе се случи во текот на оваа тркачка сезона.

Поради тоа што не ја заврши својата Формула 1 кариера како што треба откако излета и болидот му се запали во Бахреин во 2020 година, Тото Волф му понуди да тестира со нивни болид. 

Му пратив порака на Тото по Абу Даби, а Му пратив и уште една и ми одговори. Меѓу другото, пишуваше дека ќе ме стави во болид оваа година. Сеуште е во игра тестот.

Оваа година не возевме во Франција бидејќи се тркав во Ајова, Но Мерцедес ќе го направат тоа. Мислам дека ќе се случи тоа иако сега се фокусирам на победи со Андрети во индикар – посочи французинот.

Околу контроверзните настани од Абу Даби, Гросжан изјави дека бил нетрпелив и нервозен до самиот крај. 

Ми се допаѓаше. Беше неверојатно возбудливо до самиот крај. Мислам дека борбата до последниот метар беше неверојатна. Погрешно е што така се реши во еден круг.

Имаше 22 трки, Макс не заврши во Баку, Ботас го удри во Унгарија и Силверстон, Но имаше многу точки каде загуби Верстапен. Луис ја заслужи титулата, Но немаше среќа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ