Гросжан смета дека Макс бил безмалку совршен

Порнешниот Формула 1 возач, французинот Роман Гросжан, посочи дека Макс Верстапен имал импресивна сезона и дека му недостасувало многу малку за да биде совршен.

Французинот смета дека шампионот бил на 99% до совршенство во 2022 годиа, а тој процент го загубил на Бразилското Гранд При со тимските наредби и контроверзии. Роман не се согласува со непочитувањето на тимските наредби и одбивањето на Макс да му ја врати позицијата на својот колега Серхио Перез.

искрено верувам дека макс имаше една од најдобрите индивидуални сеони кои ги имам видено во формула 1 и сметам дека беше 99% совршен, а тој 1% го губи поради бразил и погрешниот избор кој го направи.

освен тоа не можам да му најдам никаква забелешка, беше фантастичен на квалификации, беше моќен на трка. кога почна да влегува во позитивна серија, не грешеше и беше несопирлив освен во бразил каде мислам дека можеше да биде далеку подобар – вели гросжан.

Потоа французинот беше запрашан за двете најдобри трки на Макс годинава, онаа на Хунгароринг и на Спа Франкошамп. Во Унгарија победи и покрај тоа што се изврте, додека во Белгија победи по старт од 14то место.

беше непобедлив, едноставно. на тие две трки беше посилен од било кој, се бореше и напредуваше, беше класа за себе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ