Гросжан смета дека Ферари ќе бидат силни догодина

Поранешниот Формула 1 возач, французинот Роман Гросжан, верува дека Ферари ќе бидат во комбинација за нависок пласман следната година откако сезонава не успејаа да ја остварат целта.

Итлијанците имаа добар и силен почеток на сезоната кога победија два пати на воведните три трки. Сепак, потоа формата не им се движеше во нагорна линија, а Ред Бул силно напредуваа по што ги загубија двете титули.

по првите три трки беше лудо да се помисли дека ферари нема да бидат прваци со шарл леклер. на краајот, можеа да го загубат и второто место, така што секако дека се разочарани.

ако џорџ расел завршеше втор во шампионатот ќе значеше нешто, но шарл водеше со големи 45 или 65 поени пред макс, колку и да беа и губење на титула потоа навистина боли – посочи гросжан.

Ред Бул доминираа на патот кон двојниот наслов, а Гросжан, французинот со над 180 Гранд При трки зад себе, смета дека Ферари ќе бидат уште посилни догодина.

мислам дека ферари ќе бидат многу силни следната сезона, дефинитивно имаа страшно брз болид на квалификации. шарл одработе одлично, направи неколку грешки, но така е секогаш кога сте под притисок да надоместите разлика.

ако сте на чело и работите се добри, полесно одошто кога се обидувате да надоместите и може да има проблем. импресионирам сум од шарл и мислам дека ферари ќе научат многу годинава за да бидат многу посилни следната.

Италијанците направија промена на врвот во тимот и ја прекинаа соработката со досегашниот шеф Матиа Биното, а на негово место дојде првиот човек на Алфа Ромео, Фредерик Васур.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ