Гросжан: Јас и Хулк сме родени во погрешно време

Роман Гросжан смета дека тој и Нико Хулкенберг се дел од генерација на возачи кои се родени во погрешно време за да успеат во Формула 1. 

Французинот и германецот беа гледани како идни шампиони по успесите во јуниорските серии, но никој од нив не доби шанса во топ болид за да победи на трка. Шансите на Гросжан се уште помали бидејќи ја напушта Формула 1 на крајот на сезонава, а Хулкенберг веќе не е дел од спортот иако се надева дека можеби ќе биде колега на Макс Верстапен во Ред Бул. 

Гросжан смета дека двојката која е родена во слично време немала толку среќа бидејќи постарите возачи ги зафатиле топ местата. 

Знаете, нашата генерација е погрешна. Пол ди Реста, Нико Хулкенберг, јас дури и Себастијан Буеми дојдовме во време кога топ местата беа зафатени, а постарите возачи не сакаа да ја напуштат Формула 1 поради што ние младите немавме шанса. Така одат работите.

Немате многу контрола врз тоа, но 10 години во Формула 1 сепак е неверојатно. Мислам дека постигнав дел од тоа што сакав.

Очигледно не станав шампион, но дознав дека без вистинскиот болид тоа не е можно. Се надевам работите ќе се променат во иднина и Формула 1 нема да биде доминирана од еден тим – се надева роман.

Најблизу до победи Гросжан беше во 2012 и 2013 година кога возеше за Лотус. Во тие две сезони тој беше девет пати на подиум и беше близу до победа. Во 2013 година поради финансиски проблеми на тимот освои само на еден подиум. 

Жалам што Лотус банкротираше во 2014 година по брилијантната 2013 година која ветуваше многу. Не добив понуда од топ тим тогаш, Кими замина во Ферари, а ја останав во тимот кој одеше надолу. Тешко е да се вратиш после тоа. Знам дека можев да победувам и Штета е што тоа не се случи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ