Гросжан ќе тестира Мерцедес и покрај презакажаното Француско ГП

Тестот за збогување кој Мерцедес ќе го организира за Роман Гросжан следниот месец ќе се одржи и покрај тоа што во последен момент, Големата награда на Грација е презакажана, а возењето за демонстрација на французинот исто така.

Роман требаше да добие време во В10 на Мерцедес два пати во Јуни, прв пат за време на викендот од Француското Гранд При на Пол Рикар, а потоа на нормлен тест на истата патека. Но, поради тоа што Формула 1 се реши да го откаже Турското Гранд При, а со тоа и ја помести трката во Франција една недела порано, датум кој се судира со Индикар трка каде Гросжан вози, демонстрацијата е откажана.

Портпарол на Мерцедес потврди дека поради судирањето на датумите, демонстрацијата мора да биде откажана, но тестот закажан на 29 Јуни секако ќе му биде овозможен.

Тестот за Роман е идеја на Тото Волф, шефот на Мерцедес, кој сметаше дека францускиот возач треба д има соодветно опростување од спортот, а не преку страшниот судар во Бахреин каде едвај спаси жива глава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ