Даимлер целат на профитабилна Ф1 екипа

Претседателот на Даимлер, Ола Калениус, се надева дека инвестицијата во Формула 1 тимот од страна на Инеос заедно со бузетското ограничување ќе го претворат шампионскиот тим во профитабилен бизнис.

“Сребрените стрели“ се долго време на чело во Формула 1 кога се работи за годишната потрошувачка која надминува 400 милиони долари, но од оваа сезона, исто како и останатите екипи на гридот, ќе мора да се задоволат со 145 милиони долари потрошени во текот на сезоната.

Во пресрет на сезоната, британскиот хемиски гигант Инеос превзема 1/3 од Формула 1 тимот, така што се создде финансиски стабина и одржлива екипа која се очекува да носи профит, нешто што е план на Даимлер.

повратот на инвестицијата е добар, а ќе стане уште подобар. мислам дека наскоро ќе се вратиме на патот на бизнис кој носи пари, ќе бидеме вистинска спортска франшиза како во американскиот фудбал на пример – изјави калениус.

Купувњето на акции од страна на Инеос, значеше откажување на Мерцедес на дел од своите акции, а последната третина од екипата остана сопственост на Торто Волд. Даимлер и Калениус се задоволни од сопственичката структура сметајќи дека е хармонична.

ги познаваме инеос и веќе работиме со нив од комерцијална гледна точка, а тие ни даваат експертиза која е корисна на нас, но и спортска поддршка.

кога седнавме со тото да дискутираме како сакаме д продолжиме, дали сакаме некој нов и успешене трет партнер со нас, одлучивме дека тоа ќе има многу смисла за нас. со склучување на ваква зделка, најпрво се осигуравме дека добиваат сите страни.

До сега, Калениус, како и неговиот претходник Дитер Зиче, не пропуштаа да споменат дека придобивките на компанијата од Формула 1 тимот како маркетинг поддршка е огромна.

не е само маркетинкиот дел, туку и техничкото знаење кое го влечеме од тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ