Данер: Губењето на Биното ги врати Ферари три години назад

Поранешниот Формула 1 возач, Кристијан Данер, посочи дека отпуштањето на Матиа Биното ги вратило Ферари три години назад.

По две години без победа на трка, плаќајки сакапа цена за сомнителниот мотор во 2019 година, Скудерија и Биното се вратија на победнички патеки од годинава и победија два пати на правите три трки, поведувајќи во шампионатот на огромна радост на тифозите. Сепак, на останатите 19 трки победија само уште 2 пати а оччигледни беа проблемите со издржливоста на болидот како и многуте тратешки грешки кои ги правеа.

И кога Шарл Леклер излета додека водеше во Франција, Биното инсистираше дека ќе се вратат во игра и не гледаше зошто да бе победат на сите трки до крајот на сезоната, но тоа беше само негова надеж, а годината заврши со негово отстранување од шефовското место во Маранело. Итаијанците негова замена најдоа во Фредерик Васур, шефот на Алфа Ромео кој ќе почне да работи во Маранело од 9 Јануари, но Данер смета дека италијанците погрешиле со отпуштањето на инженетот.

во формула 1 постои еден магичен збор за успех, а тоа е континуитетот. дури и кога не оди толку добро, најпаметно е да се анализира проблемот, да се направи некое реструктурирање и да се продолжи со работа. се плашам дека отстранувањето на биното од тимот го врати ферари три години назад – вели данер.

Најсуепшна ера на Ферари беше петгодишната доминација од 2000 до 2004 година кога Михаел Шумахер беше главен возач, Жан Тод беше шеф на екипата, а Рос Браунс спортски директор. Во 2006 година Михаел се повлече, Тод остана на чело на екипата и следната година освои наслов со Кими Раиконен, што е последна титула за Ферари до оваа 2022 година.

Одтогаш Ферари промени четворица тимски шефови, го поставија сегашниот Главен извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали кој го предводеше тимот шест години, го наследи Марко Матиачи кој издржа едвај година, потоа четири години со екипата раководеше Маурицио Аривабене за последните четири години да шефува Биното.

Во истиот тој период, односно од 2005 година, Ред Бул е на чело со Кристијан Хорнер и освоија шест возачки титули, а Мерцедес го имаат Тото Волф од 2013 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ