Де Вриес и Вандорн ќе бидат резервисти во Мерцедес годинава

Ник де Вриес стана еден од резервните возачи на Мерцедес за сезонава, а улогата ќе ја дели заедно со Формула Е колегата, белгиецот Стофел Ванорн.

Формула 2 првакот од 2019 година, де Вриес, потпиша за Формула Е тимот на Мерцедес како актуелен првак во јуниорската тркачка серија, а стигна до првата победа во електричната тркачка серија лани.

Лани официјални резервисти на “сребрените“ беа Стофел Вандорн и поранешниот возач на Хаас, мексиканецот Естебан Гутиерез. Сепак, откако Луис Хамилтон беше позитивен на корона вирусот, трката ја одработи Џорџ Расел од Вилијамс.

имаме силни резерви за оваа година откако стофел вандорн продолжува во таа улога како и лани, но ќе му се прилкучи и неговиот колега од формула е, ник де вриес – објавија од мерцедес.

Ова ќе биде прва официјална Формула 1 улога за де Вриес откако претходно беше само развоен пилот на Мекларен како дел од нивната Академија за млади возачи. Тој го имаше својто прв Ф1 тест лани откако Мерцедес му доверија болид на тестот за млади возачи по крајот на сезоната.

Гутиерез повеќе нема да биде дел од возачите на Мерцедес откако и лани беше објавено дека неговата суперлиценца не е валидна за да може да менува возач на Гранд При трка.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ