Де ла Роса објасни каде е Хамилтон најубиствен

Поранешниот шпански Формула возач, Педро де ла Роса, кој возеше своевремено за Мекларен и беше тест возач кога Луис Хамилтон го имаше своето деби во екипата, објасни дека можноста на Хамилтон да ги менаџира гумите е тоа што го прави поубиствен кон другите. 

Хамилтон освои седум титули и се смета како еден од најголемите возачи во спортот, а има освоено и 98 пол позиции и сега веќе напаѓа на осмата титула. 

Неговата сила не е во квалификациите, мислам дека е во можноста да ги одржи гумите и да го нападне својот колега. ТОј еднсотавно сака кога му лизга болидот. Неговата сила е кога гумите ќе се потрошат. Како што тие го губат грипот така тој е посилен и не зависи толку од задните гуми – смета де ла роса.

Шпанецот се присетува на Хамилтон за време на предсезонскиот тест во 2007 година. 

Од прв ден тој влезе во болидот и беше посебен. Веднаш можеше да се види дека се приспособува и има конкурентни времиња. Непобедлив е на зимските тестирања со хард гуми кога тие не може да ја постигнат работната температура. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ