Де ла Роса смета дека Чеко заслужил да остане во Ред Бул

Поранешниот Формула 1 возач, Педро де ла Роса, верува дека Сехрио Перез направил доволно за да си обезбеди останување во актуелните конструкторски прваци.

Серхио беше потпишан од тимот првично за 2021 година и стана прв возач по Марк Вебер во 2006 година кој се тркаше за екипата, а не беше производ на нивната Академија за млади возачи. Немаше претерано убедлива дебитантска сезона, но многу му помогна на Макс Верстапен да го освои насловот при борбата со Луис Хамилтон на последната трка од календарот.

Следната 2022 година тој победи два пати и беше подобар одошто претходната година. Де ла Роса смета дека Перез, кој иа договор до крајот на 2024 година, направил доволно да си го заработи истиот и д асе прилагоди на Ред Бул болидот.

навистина мислам дека чеко ќе остане во ред бул или дека треба да остане затоа што станува се посилен и подобар со секоја трка извозена за ред бул. докажа дека не е лесно да се адаптира на тимот и на болидот особено поради тоа што се работи за целосно нови правила и само неколку возачи постојат кои без адаптирање може да вадат перформанси.

на најголем дел од возачите им треба време за учење и адаптирање, чеко е пример со начинот на кој се прилагоди на болидот и го примени својот стил на возење поради тоа.

овие модерни болиди се навистина многу сложени, тестирањето е многу кусо и треба многу работа со “играчките“ на инженерите за да го прилагодите балансот на сопирање, миграцијата на сопирачките, моторното кочење, диференцијалот и куп други работи.

чеко беше одличен во сето тоа и не гледам зошто ред бул би го менувале – заклучи шпанецот кој е амбасадор на астон мартин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ