Де ла Роса ја пофали храброста на Леклер

Педро де ла Роса, поранешниот пилот на Мекларен, смета дека храброста на Шарл Леклер е она што го одделува од останатите возачи на гридот.

Моначанецот се смета за еден од најталентираните возачи на гридот, особено импресивен е на квалификации, но 25-годишникот често греши, годинава дури и пречесто. Но, де ла Роса ја посочи неговата бестрашност и желбата да не престане да притиска до лимитот, што го прави посебен.

постојат многу брзи возачи кои се на ниво на шарл во текот на еден круг, но тој не се плаши од ништо. му се восхитувам затоа што е навистина храбар и секогаш кога прави грешка е на самиот лимит.

по грешка, не му треба ниту еден круг да се враи во ритам, самодоврбата му е на највисоко ниво, а тоа не го можат многумина. поради тоа толку добро вози – смета шпанецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ