Доктор Марко: Себ треба да се пронајде пред да стане тимски шеф

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на Ред Бул, сеуште не е сигурен дека Себастијан Фетел е заинтересиран да менаџира Формула 1 тим.

Тој го донесе Себ во спортот и го направи четирикратен првак, а неодамна изјави дека ќе разговара со 35-годишникот во врска со неговата иднина во серијата.

мислам дека треба да се пронајде и осознае себе пред да дознае што точно сака да прави. ако сака менаџерска позиција, тој ќе мора да патува исто како до сега – потенцира марко.

Хелмут инсистира дека улогата на Фетел не би требало да биде само почесна, амбасадорска, како што ќе биде програмата на Даниел Рикардо за сезонава.

тој знае како се одвиваат работите и од се што знаеме за она што себастијан фетел може да го постигне, знаеме дека е многу отворен и многу интелигентен човек.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ