Доменикали не верува дека Хамилтон ќе си замине

Стефано Доменикали, Главниот извршен директор на Формула 1, смета дека Луис Хамилтон ќе се врати наредната сезона на гридот бидејќи има желба да освои уште титули. 

Во драмата на крајот на сезоната, Хамилтон ја загуби титулата и од тогаш се нема појавено во јавност и се нема огласено преку социјалните мрежи. На доделувањето на наградите на ФИА во Париз, тој не се појави, а единствено беше присутен во фабриката во Мерцедес за славење на конструкторската титула и да го испрати Валтери Ботас. 

Доменикали верува дека кога ќе се смират работите, возачот на Мерцедес ќе се врати уште посилен наредната година. 

СИгурен сум дека ќе ги наполни батериите и ќе се врати со повеќе желба наредната година за да ја освои осмата титула – сигурен е италијанецот.

Извршниот директор на Формула 1 смета дека ФИА не треба да се занимава со контроверзната трка бидејќи сеуште е жешка тема. 

Зборував со претседателот. Зборувавме за приоритетите бидејќи ги има многу. Мора да сме тивки во моментов за да не долеваме малсо на огнот.

Имавме одлична сезона која ја гледаа две милијарди луѓе, а Најгледан спортски настан за оваа година беше трката во Абу Даби. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ