Доменикали: Ни ветија дека трката ќе биде безбедна

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, откри дека добиле уверување од безбедносните структури во организацијата на трката дека настанот на Џеда ќе биде безбеден.

Ракетирање на блиската рафинерија на Арамко се случи непосредно по почетокот на првата петочна тренинг сесија и тоа точно една недела откако минатиот викенд имаше слични нападни над државни објекти во Кралството. Шефовите на спортот имаа серија состаноци во Петок со локалните власти за да добијат појаснување во однос на настанот и да разберат какви се ризиците за остатокот од тркачкиот викенд.

Состаноците завршија непосредно пред втората тренинг сесија која доцнеше 15 минути токму поради тоа, а Доменикали и Бен Сулајем зеднички излегоа пред новинарите и дадоа соопштение. Италијанецот откри дека добиле гаранции дека безбедноста на и околу патеката ќе биде на вообичаеното ниво.

добивме целосни гаранции дека за земјата безбедноста е на прво место без оглед на ситуацијат и истата е гарантирана. локалните официјални лица се тука со своите семејства така што имаат веќе воспоставено систем за заштита на областа, градот и местата каде се движиме.

се чувствуваме безбедно со гаранциите кои ги добивме од локалната власт и поради тоа одлучивме да продолжиме со гранд при тркачкиот викенд – најави доменикали.

Сулајем додаде дека ризиците за напад на Хутите на настанот се минимални затоа што цивилите не се нивна цел.

имавме состаноци со главниот човек на обезбедувањето, тимските шефови и возачите. хутите ги целат инфраструктурата, не цивилите, не патеката. секако дека ги проверивме фактите и добивме уверување од нив дека сме на безбедно место и можеме слободно да се тркаме. нивните семејства се овдека на настанот и знаеме дека ништо нема да се случи.

Тимските шефови ја поздравија одлуката на Формула 1 да се продолжи со настанот, а истото го сотирја и возачите.

состанокот беше добар, возачите ќе разговаат на нивни меѓусебен состанок, а ние како шефови на екипи добивме уверување дека сме заштитени овде. веројатно ова е најезбедното место во саудиска арабија во моментов и поради тоа продолжуваме да се тркаме – смета тото волф.

спортот е обединет и колективен. никаков знак на тероризам не може да не загрижи и да не откаже од нашата намера, тероризмот не е прифатлив. стефано и претседателот работат на тоа, а ние добивме гаранции од организацијата да продолжиме со тркње – дополни кристијан хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ